еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

22-годишен скопјанец починал на работно место во кривопаланечко Тлменци

Дваесет и две годишник од скопското село Цветово починал на работно место во приватна фирма во кривопаланечкото село Тлминци откако врз него паднал тврд предмет.

-Во ОВР Крива Паланка вчера во 10.49 часот било пријавено дека во село Тлминци, кривопаланечко, додека бил на работно место во приватна фирма, врз вработениот М.М.(22) од село Цветово, скопско, паднал тврд предмет, при што тој починал, информира МВР во дневниот Билтен.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид извршиле јавен обвинител, екипа на ОВР Крива Паланка и трудов инспектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За „Кју ар“ кодот за влез во Грција, повеќе не се чека до полноќ пред денот на тргнување

Редакција

(Фото) Поставена првата паметна соларна клупа во Македонија

Редакција

„Ве-група“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на булевар Кочо Рацин вреден 390.000 евра

Редакција