Суд во Амстердам денеска пресуди дека компанијата Фејсбук постапувала незаконски при обработката на личните податоци на своите корисници во Холандија речиси 10 години.
Според Блумберг, личните податоци добиени од Фејсбук, што ги обработувала единица на компанијата Meta Platforms од Ирска, биле користени без дозвола за рекламни цели и дадени на трети лица без соодветни информирање на корисниците, се вели во пресудата донесена денеска.
Судот утврди дека од април 2010 година до јануари 2020 година, Фејсбук немал правна основа за обработка на конкретни лични податоци, како сексуална ориентација или религија, за рекламни цели.
Судот во Амстердам ја ограничи пресудата на активностите на Фејсбук во Ирска, бидејќи само таа компанија е одговорна за обработка на личните податоци на холандските корисници на Фејсбук, се вели во соопштението.
Директорката на организацијата за заштита на потрошувачите Козументенбонд, Сандра Моленер, вели дека таквата судска одлука испраќа „многу силен сигнал“ до другите технолошки компании што ги прекршуваат законите за приватност.
Мета објави дека компанијата планира да поднесе жалба на некои аспекти од случајот.
МИА/Фото: Unsplash