еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во акцијата на МВР за заплена на дрога, уапсена и наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ од Аеродром

Во акцијата на Министерството за внатрешни работи за заплена на дрога е уапсена и наставничка.

-Утрово примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“, напиша градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски на Фејсбук.

-Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес цврсто стојам на ставот дека наша обврска е да дадеме се од себе за на децата да им овозможиме училишните денови да ги поминуваат во здрава средина.

Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со било каква нелегална активност која е во спротивност со законот.

Наша обврска е како институции да овозможиме квалитетен образовен процес во кој ќе ги надминеме сите пречки и недостатоци.

Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока потенцирам дека основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот.

Аеродром е општина која инвестира во образовниот процес, а децата, нивниот развој и нивното образование се во фокусот на нашата работа. Токму поради ова, неопходно е секое прекршување на законот соодветно да биде санкционирано, напиша Муцунски.

Информацијата за уапсената наставничка ја потврдија и родители за „еМагазин“.

Според нив, нејзиното однесување во училиштето, последните две-три години било проблематично.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Откриена лабораторија за амфетамин во Скопје и запленета дрога од половина милион евра

Приведени учителка и улични дилери на дрога: Голема полициска акција во Скопје

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Трет подвиг летово: Марко Пејчиновски исплива 20 км од Радожда до Трпејца

Редакција

„Самоопределување“ на Курти не може да дејствува политички во Македонија

Редакција

Владата одлучи: Со одредени исклучоци, се укинува носењето маски во затворeни простории

Редакција