еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски ги пречека Борел и Лајчак во Охрид: Местото на Западен Балкан е во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина во Охрид, ги пречека високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На дијалогот посветен на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што се води под покровителство на Европската Унија, учествуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

На средбата на Ковачевски со Борел и Лајчак била истакната взамената заложба за решавање на сите отворени прашања по пат на дијалог, за што Македонија е одличен пример, информираат од Владата.

„Сите досегашни преземени чекори и разрешени прашања по пат на отворен дијалог, обезбедија пред сѐ безбедност и континуиран развој, а Северна Македонија од заробена и изолирана држава денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи, земја со обезбедени услови за напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните,“ се вели во соопштението.

Ковачевски, и неговите соговорници се согласиле дека местото на Западен Балкан е во Европската Унија особено во услови на геополитички превирања, длабока поделеност на светот и воена агресија на европскиот континент.

„Во тој контекст изразија задоволство од отвореноста на Србија и Косово по пат на дијалог да ги решаваат отворените прашања во име на подобра иднина за целиот Западен Балкан, каде конфликтите и несогласувањата треба да се остават за минатото време,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ од Охрид: Ковачевски добар домаќин кој сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот

Ковачевски-Курти: Дијалогот е единствената алатка за решавање на отворени прашања, регионот заслужува да се движи напред

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Киро Здравев, новиот претседател на Судскиот совет

Редакција

(Видео) Мадона објави дует со Сем Смит, “Vulgar”

Редакција

Макпетрол: Пазарот со гас е одамна либерализиран, сегашните тендери се фарса

Редакција