еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски-Курти: Дијалогот е единствената алатка за решавање на отворени прашања, регионот заслужува да се движи напред

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид оствари билатерална средба со неговиот косовски колега Албин Курти, кој допатува во земјава за да учествува на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што се одржува по покровителство на ЕУ, информираат од Владата.

Ковачевски му посакал добредојде и успешни разговори на Курти, како важен чекор за консолидација на регионот и неговата европска интеграција.

Премиерот Ковачевски го поздравил учеството на Косово во дијалогот со Србија и во однос на актуелниот европски предлог за нормализирање на односите помеѓу Србија и Косово, заеднички беше заклучено дека е исклучително важно да се вложат сите напори за изнаоѓање решение и забрзување на евро-интегративниот процес, кој е важен за сите земји од Западен Балкан.

На средбата, Ковачевски нагласил и дека Македонија е пример за земја која по пат на добрососедство, дијалог и компромис постигна историски договори кои го трасираа патот на нашата земја кон Европската Унија и НАТО.

„Токму тој пристап обезбеди членство во НАТО, одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во јули минатата година, како и целосна заштита на македонскиот јазик, идентитет и македонските идентитетски обележја,“ се вели во соопштението.

Ковачевски уште еднаш ја реафирмира поддршката на Македонија на евроатлантските аспирации на Косово и подготвеноста да даде свој придонес во оваа насока.

„Ковачевски и Курти се согласија дека воените дејствија и раздори карактеристични за Балканот, треба еднаш засекогаш да станат минато, а регионот да се движи кон напредок, добрососедство и градење на силна економија која значи подобар стандард за сите граѓани,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски ги пречека Борел и Лајчак во Охрид: Местото на Западен Балкан е во ЕУ

Вучиќ од Охрид: Ковачевски добар домаќин кој сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24,4% од позитивните на Ковид-19 во Македонија без симптоми

Редакција

Нема нов француски предлог кој се разликува од тој што бугарското Собрание веќе го одобри, вели бугарската министерка Генчовска

Редакција

Од Ковид-19 починале 17 лица, дополнително пријавени уште шест

Редакција