еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сопственикот на „ДоказМ“, Стаменковски од затвор пренесен во болница

Марјан Стаменковски, сопственик на „ДоказМ“ кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска е пренесен во болница, објави „Макфакс“.

Откако била повикана Брза помош, која констатирала дека состојбата не може да се санира на лице место, посочиле дека Стаменковски треба да биде однесен во болница.

Стаменковски е во притвор откако Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог. Тој се товари дека преку веб-порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението јавната обвинителка Зорица Павловиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

8 од новозаболените со коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција

Семејството на Никола Саздовски бара да им бидат потврдени 19-годишните казни затвор на неговите убијци

Редакција

Граѓаните ќе си ја платат административната такса за бесплатните возачки и сообраќајни дозволи

Редакција