еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

20-годишното момче од Радовиш починало откако проголтало кокаин за да го скрие од полицијата и се предозирало

Дваесет годишното момче од Радовиш, кое пред неколку дена се најде во полицискиот билтен, починало од преголема количина кокаин, објави „Фокус“, повикувајќи се на неофицијални извори.

Момчето, кај кое полицијата најде марихуана при претрес во неговиот дом, го проголтало кокаинот за да го скрие од полицијата.

Обдукцијата треба да покаже колкава количина кокаин завршила во неговиот организам. Неговите витални функции престанале уште пред да биде донесен во болница. Додека траело апсењето на момчето, му се слошило и бил однесен во штипската болница, но веќе било доцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 20-годишен радовишанец, му се слошило откако го уапсиле за поседување марихуана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

100 нови случаи на Ковид-19 од 764 тестирања, во Скопје 47

Редакција

20 години Фоја и две децении љубов кон природата: Специјални роденденски попусти до 80%

Редакција

Историчарите пронајдоа редица грешки и пропусти во новиот учебник за Историја и општество за V одделение

Редакција