еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

25-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Кичево

Вчера попладне во 16:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево кај местото викано „Бели мост” се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби Ј. Г. (25 г.), која живее во демирхисарското село Белче.

Од СВР-Битола соопштија дека во сообраќајната незгода учествувало патничко моторно возило марка „мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од Б.Г.(33) од селото Белче, демирхисарско, кој изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата од здобиените повреди починала на лице место сопатничката Ј.Г.(25) од село Белче каде од страна на Итна медицинска помош е констатирано смрт, а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката Болница-Битола констатирани се тешки телесни повреди.

Увидот е извршен од страна на увидната екипа на СВР Битола, а од страна на јавен обвинител издадена е наредба врз телото на починатата да се изврши обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за финансии вработува осум државни службеници, плата до 32.868 денари

Редакција

Младо момче пронајдено обесено на кејот на Вардар кај ФФМ

Редакција

Македонка гради успешна кариера на Малта со посредување за работа

Редакција