еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сајберски напад на интернет страницата на Собранието

Интернет страницата на Собранието е вратена во функција и е достапна за домашните корисни,  соопшти попладнево собраниската пред служба, појаснувајќи дека страницата не била функционална поради напад од надвор од повеќе конекции.

-Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата.

Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси но е достапна за домашните корисници.

Во меѓувреме, надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен, наведува во соопштение прес-службата на Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 17 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

До крајот на неделава дожд и снег и на некои пониски места

Редакција

СЗО: Нов дневен рекорд во светот- над 581.000 новозаразени со Ковид-19

Редакција