еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До крајот на неделава дожд и снег и на некои пониски места

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м2.

Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места.

На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) „We Are the Champions“: Како изгледаше доделувањето на пехарот на тимот на Вардар

Редакција

(Галерија) Креативни и оргинални македонски заштитни маски

Редакција

ЕСМ склучи договор со Факом вреден 859,5 илјади евра

Редакција