еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Завршни зборови за случајот „Титаник 2“, во кој Мијалков е првообвинет

Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска e спроведен поранешниот директор на Управата за безбедност и контрараразузнавање (УБК), Сашо Мијалков за случајот „Титаник 2“, во кој е првообвинет.

Судењето е во фаза на завршни зборови и почна со прецизирање на обвинителниот акт од обвинителот Гаврил Бубевски. Прецизирањето е по насоките од Апелација, по укинувањето на пресудата.

Кривичниот суд во 2019 година го осуди Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пак пропусти за Мијалков, може да се спаси и од судењето за „Титаник 2„

Според обвинението на поранешното Специјално јавно обвинителство, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Процесот го води судијата Огнен Ставрев. Датумот за пресудата ќе биде објавен по завршните зборови.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општите седници на Врховниот суд ќе бидат јавни

Редакција

Граѓаните кои одбиваат решенија за самоизолација и даваат лажни податоци за контактите, ќе одат во државен карантин на своја сметка

Редакција

Хронологија на настаните во Цетиње: Се води истрага дали убиецот починал од ранување од полицаец или во него пукало друго лице

Редакција