еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Драги непријателски соседи, славете си го Ванчо Михајлов, ние ниту сме биле Бугари, ниту ќе бидеме

Драги непријателски соседи, славете си го фашистот Ванчо Михајлов, колку сакате, градете му споменици и ако сакате и некој град прекрстете си, што сакате правете, тоа си е ваша работа, но нема ништо да смените, ние сме отсекогаш Македонци и такви ќе си останеме. Тоа ви гарантираме!

Славењето на фашист доволно зборува за вас, очигледно уште не сте расчистиле со фашизмот, грешка што сакате да ја исправете со извртување на фактите и со навредување и малтретирање на мирољубивиот сосед.

Џабе ви се сите лаги кои досега ги кажавте и сите кои допрва ќе ги кажете. И тоа доволно зборува за вас.

Толку ли не сфативте досега, колку вие сте по непријателски, толку ние сме посилни.

Драги непријателски соседи, сакате признајте или не, за време на Втората светска војна бевте на страната на фашистите, ние се боревме против нив. Што и да правите тоа нема да го смените. Тоа е историски факт, документиран со сите нишани. Не го велиме само ние тоа, тоа ќе ви го каже секој.

Драги непријателски соседи и тогаш бевте на погрешната страна на историјата, а исто така и денеска. И тоа доволно кажува за вас.

Ако сакате и милион вета ставете, очигледно се уште не сте сфатиле со кој си имате работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Ни Бугарија не спори дека Михајлов бил соработник на Хитлер, лага е дека 10 илјади лица биле убиени во Македонија затоа што се нарекувале Бугари

„Да се тврди дека нечиј идентитет е вештачки, фалсификат е неписмено,“ вели Димитров за изјавата на Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот сончево и топло, со температура и до 20 степени

Редакција

Бројот на вакцинирани против Ковид-19 во светот го надмина бројот на заразени

Редакција

На Љупчо Палевски во Турција му е одреден привремен затвор од 40 дена

Редакција