еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бројот на вакцинирани против Ковид-19 во светот го надмина бројот на заразени

Бројот на луѓе кои се вакцинирале против Ковид-19 на глобално ниво го надмина вкупниот број на заразени случаи во светот, објави ТАСС.

Врз основа на анализа на официјалните податоци и медиумските извештаи, руската агенција наведува дека во светот се вакцинирани најмалку 105,1 милион лица, додека вкупно заразени од коронавирусот се околу 103,9 милиони луѓе.

Најголем број вакцинирани се во САД (33,7 милиони), потоа следуваат Велика Британија (10,2 милиона) и Израел (5,05 милиони).

Во Израел вакцинирани се 56,86 отсто од вкупното население, во Обединетите Арапски Емирати 38,83 проценти, а на Сејшелските Острови 36,25 отсто.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Мицкоски: На отворена сцена се одвива пазарење со името и идентитетот

Редакција

На работното место пронајден мртов 61-годишен скопјанец

Редакција

Ќе го прифати ли Владата „францускиот предлог“ без Собранието: Детали од брифингот на Ковачевски, Османи и Маричиќ со новинарите

Редакција