еМагазин
Image default
Македонија

Во Собранието почна расправа за интерпелација на вицепремиерот Димитров

Во Собранието денеска почна расправата по интерпелацијата за работата на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, образложувајќи ги причините за интерпелацијата истакна дека очекува таа да биде прифатена поради, како што рече, тоталното фијаско со европските интеграции на државата што е целосно спротивно на ветувањата на владејачкото мнозинство.

-Ова владејачко мнозинство како ветување број 1 имаше почеток на преговори за членство во ЕУ.

Тоа што на почетокот на февруари 2021 дебатираме тука во Собранието во услови кога Македонија воопшто не почнала преговори за членство и крајно е неизвесно не само кога и дали воопшто ќе ги почне е најголемо фијаско што можеше да и се случи на оваа Влада, рече Николовски, дополнувајќи дека за ваквата состојба најодговорни се Димитров и претседателот на Владата.

МИА/Фото: Димитров/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп

Редакција

Странски медиуми: Северна Македонија одржува избори во време на алармантен раст на бројот на случаи на Ковид-19

Редакција

Завршува првото полугодие, учениците од утре на зимски распуст

Редакција