еМагазин
Image default
Македонија

Заев очекува деновиве да стигне писмената потврда од „Фајзер“ за вакцините од Србија

Премиерот Зоран Заев очекува овие денови да стигне писмената потврда од „Фајзер“ за да може вакцините од оваа компанија, кои треба да пристигнат од Србија, да ги користат здравствените работници.

Верува дека вакцинацијата ќе започне месецов, а како што денеска изјави, позитивни вести се очекуваат и од Европската унија. Првите дози од директните преговори со „Фајзер“, пак, се очекуваат кон средината на месецов.

„Нашиот договор кој го имаме со „Фајзер“, очекуваме кон средината на февруари да ги даде резултатите. Тоа се првите 5.850 вакцини со тоа што во март продолжуваме со следните 17 илјади,“  рече Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на набавката на кинеската вакцина, Заев се надева дека оваа недела ќе се заокружи постапката. Вели дека во разговорите со САД и НАТО е констатирано дека набавката на вакцините не е геополитичко прашање, туку суверено право на секоја држава.

– Законските решенија се утврдени. Се работи за начин по пат на преговарање за да се постигнат максимално компетативни услови за да можеме час поскоро да ја обезбедиме и кинеската вакцина, рече Заев, додавајќи дека е обезбеден и партнер – компанијата „Алкалоид“ доколку има потреба да се оди преку партнер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во несреќата во која македонски автобус изгоре во Бугарија, загинаа 12 деца, меѓу кои и двајца близнаци

Редакција

Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците

Редакција

Обвинителката Трајчева ќе ја обжали ослободителната пресуда за Ременски за „Меѓународен сојуз“

Редакција