еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немаме пари за да испечатиме учебници по сите предмети во средното образование, вели министерот Шаќири

Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средното образование, вели за Детектор, која се емитува на ТВ Сител, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Тој додаде дека главна причина за доцнењето на учебниците биле воведените реформи и дека само одделенија кои учат по нова програма имаат проблеми со учебниците, додека кај другите ученици иако со задоцнување, тие сепак се доделени. Шаќири вели дека ќе вложи максимални напори да не се повтори повторно учениците да останат без учебници.

“Според податокот кој сега го имам, не верувам дека целосно можеме да го затвориме стручното образование со учебници зашто се работи за многу предмети. Реално, за средното образование немаме за сите предмети. За основното се обезбедени за сите предмети и за новата концепција и делот што останува за средното образование ќе се надополнува.

Шаќири рече дека се уште не се размислува за опцијата учениците сами да си ги купуваат учебниците.

Фото: Фејсбук/Шаќири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Рекет”

Редакција

Четворица насилници упаднале во 1ТВ барајќи го Сергеј Варошлија

Редакција

„Катимерини“: Мицотакис му кажал на Заев дека никогаш немал да го потпише Договорот од Преспа

Редакција