еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МПЦ-ОА со реакција за ставот на Бугарите за потеклото на Охридската Архиепископија

Во врска со гласините и предлозите што можат да се слушнат периодов, а во контекст на (зло)употребата на светителите во дневнополитичка конотација, должни сме да дадеме конкретно објаснување, велат од САС на МПЦ-ОА.

„Имено, светителите се оние кои, поради нивната љубов кон Бога и нивниот животен подвиг, ја исполниле Христовата порака ‒ сите едно да бидеме (сп. Јн 17, 21).

Следствено, иако секој од нив потекнува од конкретно место и е изнедрен од конкретен народ, сепак нивното значење и нивното делување не се ограничува само на еден простор, туку тие имаат подеднаква важност за сите народи коишто ги почитуваат. Затоа, неприфатливо за нас и понижувачко за нив е нивното ставање во тесни национално-политички рамки.

Така, на пример, светите браќа Методиј и Кирил, со целокупното нивно дело, го озариле целиот словенски свет со светлината на Христовото евангелие, па затоа сите словенски народи имале и имаат можност на својот јазик да сведочат за тоа Евангелие.

Поради нивната посветеност и самопрегорност во мисионерската и просветната дејност, признаени се дури и за ко-патрони на цела Европа. Значи, дејноста на светите браќа, како и на сите светители, се протега врз целиот човечки род, и секое нивно омеѓување и прославување само со некои, а не со сите кои го почитуваат нивното богоугодно дело, ќе значи обид за ограничување, а со тоа и обид за обезначување на истото.

Исто така, кога е во прашање Охридската Архиепископија, треба да се знае дека, без разлика кој седел на Охридскиот трон или до каде се протегала нејзината јурисдикција во текот на историјата, нејзиното паство најпостојано и најбројно го сочинувале македонските верници.

И никој друг освен Македонците не го чувал и зачувал споменот за древната Охридска Архиепископија како за своја Мајка Црква и никој како Македонците не се обидел да ја обнови нејзината дејност. А имале можност!

И, конечно, кој, ако не македонските архијереи и верниот народ во Македонија, се залагаше и, еве, се избори за нејзино вклучување во единство со останатите Православни Цркви, како и за возобновениот автокефален статус на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква.

И на крајот, никогаш да не заборавиме како ги опеа Прличев оние коишто некогаш помагаа во уривањето на древната Охридска столица,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарите сакаат да се нагласи „потеклото“ на Охридската архиепископија, открива Ѓоргиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+галерија) „Алкалоид“ пушти во употреба нов капитален проект вреден 19,4 милиони евра

Редакција

(Фото) Главата на Анте Поповски ја фрлиле во Охридското езеро, осквернавени бисти на македонски поети во Струга

Редакција

МВР поднесе кривична пријава против четири лица за неовластено прислушување

Редакција