еМагазин
Image default
Свет

Индија ја легализираше хомосексуалноста

Врховниот суд на Индија денеска реши дека законот со кој хомосексуалноста се прогласува за „неприроден чин“ не е во согласност со Уставот, со што практично се декриминализираше хомосексуалноста.

Иако се работи за стар закон од колонијалното време, во 2013 година судот донесе одлука дека тој се уште е важечки. Денешната одлука на судот ја поништува одлуката од 2013 година, и поборниците за правата на хомосексуалците гласно го поздравија нејзиното изгласување на нивниот собир пред зградата на судот.

Според анкетите, земјата е поделена по ова прашање, при што градското население главно се согласува со легализирање на хомосексуалноста, додека во руралните средини граѓаните во голема мерка се против.

МИА/Фото: AFP/Munir uz Zaman/AFP/Getty Images

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Вооружените напади во САД станаа секојдневие: Шест жртви во пукање во супермаркет во Вирџинија

Редакција

(Видео) Се изгасна светлото во последната независна телевизија во Русија, „Дожд“, вработените се одјавија со „Лебедово езеро“

Редакција

Израел нема да дозволи хуманитарна помош за Газа додека заложниците не бидат ослободени

Редакција