еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Израел нема да дозволи хуманитарна помош за Газа додека заложниците не бидат ослободени

Израел денеска соопшти дека нема да пушти хуманитарна помош за време на опсадата на Појасот Газа додека Хамас не ги ослободи сите израелски заложници, откако Црвениот крст побара да дозволи транспорт на гориво во Појасот Газа за да спречи преполните болници „да се претворат во мртовечници“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН: Над 338.000 Палестинци принудени да ги напуштат домовите во Газа

Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас што владее со Појасот Газа како одмазда за најсмртоносниот напад врз Евреите од холокаустот, кога стотици вооружени мажи ја преминаа границата и убија најмалку 1.300 луѓе, главно цивили, а зедоа десетици заложници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сателитски снимки покажуваат колку е уништена Газа по нападите од Израел

Израел одговори со ставање на енклавата, дом на 2,3 милиони луѓе, под целосна опсада и започнувајќи го убедливо најмоќното бомбардирање во 75-годишната историја на израелско-палестинскиот конфликт, уништувајќи цели населби.

Властите во Појасот Газа соопштија дека повеќе од 1.200 луѓе се убиени, а повеќе од пет илјади се ранети во бомбардирањата.

Исклучена е единствената електрична централа, а на болниците им снемува гориво за генераторите за итни случаи.

-Човечката беда предизвикана од оваа ескалација е ужасна и ги молам страните да го намалат страдањето на цивилите, повика денескат Фабрицио Карбони, регионален директор на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и додаде дека „како што Газа ја губи струјата, болниците губат струја, ставајќи ги новороденчињата во инкубатори, а постарите пациенти на кислород“.

Израелскиот министер за енергетика Израел Кац изјави дека нема да има исклучок за хуманитарна помош во опсадата, додека не бидат ослободени израелските заложници.

-Хуманитарна помош за Газа? Ниту еден електричен прекинувач нема да се подигне, нема да се отвори хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво додека израелските заложници не се вратат дома. Хуманитарно за хуманитарно. И никој не треба да ни проповеда за моралот, објави Кац на „X“.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Од 171 тест во градинките во Скопје и Битола ниту еден позитивен на корона вирусот

Редакција

Нова партија во албанскиот блок: Основана Демократско движење на Меџити

Редакција

Нејасностии за роамингот на Западен Балкан, го почитуваат ли сите оператори договорот?

Редакција