еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија повика на создавање палестинска држава

Русија се надева дека по завршувањето на најтешката фаза на конфликтот, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја исполнат одлуката на ОН за создавање палестинска држава.

Ова го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на Заедницата на независни држави (ЗНД) во Бишкек.

– Многу се надеваме дека штом конфликтот ќе заврши, а се залагаме тоа да се случи веднаш, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја спроведат одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации за формирање палестинска држава врз принципите одобрени од ОН, изјави Лавров.

Тој нагласи дека Израел и Палестинците треба да го почитуваат хуманитарното право и да се воздржат од неселективна употреба на сила.

Според него, министрите за надворешни работи на ЗНД разговарале за конфликтот меѓу Израел и Палестинците и сите едногласно се за прекин на огнот и преговори меѓу завојуваните страни.

Лавров додаде дека министрите за надворешни работи на членките на ЗНД би можеле да ја разгледаат можноста за договор за заедничка позиција за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно на седницата на Руската енергетска недела оцени дека без решавање на фундаменталните политички прашања околу формирањето на палестинската држава не може да се регулира ситуацијата што доведе до ескалација на насилството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Путин создавањето независна суверена палестинска држава е неопходно

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како се пренесува корона вирусот и како да се заштитите?

Редакција

(Видео) 17-годишната девојка осомничена за убиството на 16-годишното момче даде исказ, неговите другари се собраа пред судот

Редакција

Истражување: Ковид-19 преживува на ткаенини до три дена

Редакција