Д-р Александар Обедниковски, генерален директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, најави дека денеска ќе поднесе оставка од морални причини.
Повод за повлекувањето на Обедниковски од функцијата прв човек на битолската болница е најновниот инцидент во таа здравствена установа, односно смртта на новороденче која беше регистрирана во болницата, а за што министерот за здравство Фатмир Меџити изврши вонредна посета во Битола.
Како што е познато неодамна во ЈЗУ Клиничка болница-Битола почина и 6-годишното девојче Јана Христовска за што се води истрага, а битолчани во знак на протест организираа мирни собири во овој град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерството за здравство се уште го чека извештајот од обдукцијата на шестгодишната Јана
МИА/Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.