еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Со лажен сертификат за англиски, кичевец сакал да стане директор на студентски дом во Скопје

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(66) од  кичевското село Колибари, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.

Пријавениот, како што соопшти МВР, во текот на 2019 година набавил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик со намера да се вработи како директор на државeн студентски дом.

Сертификатот го заверил на нотар во Кичево, по што го приложил при аплицирање за вработување како директор во студентскиот дом.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција

Пред пратениците денеска законските измени за набавка на лекови

Редакција

Повеќе мажи, најголем дел се со претходни заболувања, детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Редакција