еМагазин
Image default
Спорт

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Македонскиот автомобилски шампион Игор Стефановски-Иџе и „Макпетрол“ ја продолжија долгогодишната соработка со цел достигнување уште подобри резултати во европските натпреварувања, информираат од таму.

Стефановски викендов во Франција беше меѓу 190 пријавени учесници на првата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој триумфира на првата трка, а се пласира на третата позиција во генералниот пласман.

Десет дестинации се дел од ова натпреварување, а сезоната ќе биде затворена во септември во Хрватска. Претходно ќе има трки во Австрија, Шпанија, Португалија, Чешка, Италија, Полска, Швајцарија и Словенија. На сите овие соочувања со најсилната европска конкуренција Стефановски ќе ја има целосната поддршка од „Макпетрол“.

– Изминативе неколку години, особено со почетокот и со текот на пандемијата, беа особено тешки за сите спортисти. Несомнено, не беа поштедени и тие што се дел од автомобилизмот, но како и претходно, така и во тие моменти можев да се потпрам на поддршката од „Макпетрол“.

Моите планови и амбиции се долгорочни, посветено работам истите да ги остварам, а особено ми е драго што такви вредности споделувам и со една од најреномираните и најуспешните компании во Македонија, истакна Стефановски за продолжувањето на соработката со „Макпетрол“.

Стефановски претходните години се натпреваруваше во најелитите шампионати на кружни патеки, односно тие што го опфаќаа целиот европски континент, потоа Италија, како и Источна Европа. Во 2022 година, по седум години пауза, тој се врати на ридските патеки, каде што и ги освои највисоките признанија.

– Нашите планови како компанија никогаш не се кратковиди, сосема спротивно, секогаш размислуваме долгорочно и оваа бизнис-практика од која се водиме речиси осум децении ја применуваме и при поддршката на заедницата.

Дел од овие активности несомнено се и спортистите, а кај Стефановски уште одамна ја забележавме посветеноста и шампионските амбиции и за нас беше најприродно да помогнеме да остварува врвни резултати. Со продолжувањето на оваа соработка се надеваме дека достигнувањата ќе бидат уште повисоки, велат од „Макпетрол“.

Игор Стефановски-Иџе е активен на автомобилските патеки од 2001 кога дебитира на кружните трки на шампионатот во Македонија, а во 2004 година истиот и го освојува. Осум домашни титули следуваат до 2013, а во 2014 и во 2015 година тој е најдобар на европскиот континент во ридските натпреварувања. Во следните години Стефановски учествуваше во најелитните трки на кружни патеки, а од 2022 повторно е дел од Европскиот шампионат на ридски патеки каде што со поддршка од „Макпетрол“ ќе учествува и годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18-годишната Јана Атанасовска испишува историја како прва македонка во алпско скијање на Светски скијачки куп

Редакција

Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака

Редакција

Иницијатива за приклучување на Параолимпискиот комитет на Македонија кон регионалната кошаркарска лига во инвалидска количка „NLB Wheel”

Редакција