еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Уште не почнална наплатата за патување во ЕУ, а веќе има лажни веб страни за плаќање надомест

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) предупреди на појавата на десетици неофицијални веб-страници на Системот на ЕУ за информации и одобрувања за патување (ЕТИАС), преку кои ќе плаќаат такса од седум евра патниците на кои не им е потребна виза за ЕУ.

Заедно со другите институции на ЕУ и 30 европски земји, Фронтекс се подготвува за почеток на ЕТИАС, кој се очекува во 2024 година.

ЕТИАС предвидува патниците од земјите со безвизен режим да се пријават за одобрување пред да патуваат во Европа. Со цел да се зајакне внатрешната безбедност на ЕУ, системот ќе изврши „скрининг“ за да провери дали патникот претставува опасност за безбедноста, илегална имиграција или ризик за јавното здравје.

Фронтекс е „домаќин“ на централната единица ETIAS за ракување со апликации и помош на патниците и превозниците, а апликацијата ќе биде достапна нон стоп.

Воведувањето на ЕТИАС ќе важи за граѓаните од околу 60 земји со безвизен режим (и за Македонија) или потенцијално 1,4 милијарди луѓе и затоа, како што наведува Фронтекс, од клучно значење е тие да бидат добро информирани за претстојната промена во правилата за патување во ЕУ.

Таа агенција наведува дека ја поддржува Европската комисија во подготовката на јавна информативна кампања за ЕТИАС, која се очекува да биде покрената шест месеци пред почетокот на работата на системот.

Официјалната веб-страница на ETIAS, europa.eu/etias, лансиран во 2022 година, ќе им обезбеди на патниците информации за новите одредби, процесот на аплицирање, жалбите и други релевантни теми.

Штом системот ќе почне со работа, патниците ќе можат да аплицираат за ETIAS само преку официјалната веб-страница.

„Бројот на неофицијални веб-локации на ETIAS на повеќе јазици надмина 50. Некои веб-локации се управувани од вистински компании, други веројатно не се толку сигурни“, рече директорот на Одделот за централната единица ETIAS во Фронтекс, Франсоа Ларуел.

Регулативата за ETIAS им дозволува на комерцијалните посредници да аплицираат за одобрување за патување во име на други лица.

Меѓутоа, бидејќи процесот на пријавување ќе бара од патниците да дадат податоци од пасош, броеви на кредитни картички и други лични информации, важно е да се осигура дека овие чувствителни информации не се злоупотребуваат.

Откако ETIAS ќе биде оперативен, комерцијалните посредници ќе можат да ја користат неговата официјална веб-страница како единствен официјален канал за известување за патувањата на нивните клиенти.

Пријавувањето на официјалната веб-страница ќе чини седум евра, а дополнителните трошоци ќе ги плаќа посредникот, соопшти Фронтекс.

„Важно е патникот, кога аплицира за дозвола за патување, да размисли на кого ќе даде лични податоци и колку е подготвен да плати дополнително. Важно е патниците внимателно да ги земат предвид овие фактори“, рече Лариел.

На официјалната веб-страница на ETIAS се наведува дека процесот на одобрување на патувањето генерално ќе трае неколку минути, а одобрението ќе важи три години.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Светлана Мојсов, Македонка која е меѓу 100. највлијателни во светот според „Тајм„

Редакција

Досега попишани 1.760.194 лица во Македонија и 201.247 од дијаспората

Редакција

(ВИДЕО) Министерката Шекеринска облече воена униформа

Редакција