еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лога прв министер за правда кој се заинтересира за правата на Македоците во Бугарија

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин, на која беше информиран за статусот и правата на Македонците во Бугарија, соопшти Министерството за правда.

Стојков изрази благодарност до Лога за неговиот интерес за правата на Македонците во Бугарија и посочи дека тој е првиот министер за правда кој ги повикал на разговор, стои во соопштението.

-Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која ОМО Илинден Пирин не може да ја реализира и да се регистрира.

За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на Македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори, додаваат од Министерство за правда.

Фото: МП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Евроинс осигурување“ го доби тендерот на МВР за осигурување возила

Редакција

Од утре и за викендот нестабилно време со пороен дожд, ветер, град и грмежи

Редакција

Груевски ќе ги искористел сите правни лекови за затворската казна

Редакција