еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско со зголемена добивка во првиот квартал

Пекабеско АД Скопје за периодот јануари-март 2023 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Вкупната сеопфатна добивка за овој период изнесува 17.187 илјади денари, а претходната година таа била 15.225 илјади денари.

-Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-март 2023 година изнесуваат 1.165 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат зголемување од 1%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2022 година бележат зголемување од 1%.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари-март 2023 година изнесуваат 1.160 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат зголемување од 2%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На менаџерскиот тим на Пекабеско лани исплатени 105 милиони денари за плата и надоместоци

Пекабеско лани со добивка и зголемени приходи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договор од 2,3 милиони евра склучи Пуцко петрол со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта

Редакција

„А1 Македонија“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на електронски билети вреден 573.000 евра

Редакција

ЈП за државни патишта со објаснување за договорот за непредвидени работи за санација и рехабилитација на пат од делницата Неготино – Демир Капија

Редакција