еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Акционерите и вработените ќе добијат дел од 21-милионската добивка на Макпетрол

Неизвесност на пазарот на енергенси, повисока инфлација и зголемени трошоци за живот се дел од економското опкружување со кое што изминатиов период се соочени компаниите, но и покрај овие предизвици, „Макпетрол“ продолжува со грижата за вработените обезбедувајќи им стабилни приходи и дополнителни награди и бонуси, велат од таму.

Лидерот на пазарот со нафтени деривати стабилно и многу успешно работи, што е потврдено и во неодамнешниот годишен извештај објавен на Македонската берза.

Имено, овој извештај покажува дека „Макпетрол“ ја заврши 2022 година со добивка од 1.290.959.428 денари, односно околу 21 милион евра. Ова е одличен финансиски резултат во период на големи осцилации на цените на нафтата и природниот гас на светските берзи и недостигот од енергенси со кој светот се соочува во последните години.

Дел од остварената добивка за 2022 година ќе биде распределен меѓу сите вработени, за што се предвидени 110 милиони денари, односно 1,79 милиони евра.

Годинешната сума од распределенaта добивка за вработените ќе биде значително повисока од исплатената во минатата година, кога по овој основ „Макпетрол“ распредели вкупно 70 милиони денари по годишната сметка за 2021 година. Ова е дополнителен финансиски поттик за вработените во „Макпетрол“, кои минатата година и покрај кризата, двапати добија покачување на платите, со што нивните месечни приходи пораснаа за 20%. Покрај зголемувањето на платите, компанијата лани на секој вработен исплати и регрес за годишен одмор во нето-износ од 33.000 денари, како и дополнителен новогодишен бонус од 30.000 денари.

Според извештајот, делови од оваа добивка ќе завршат во рацете на акционерите, на вработените, како и за нови инвестиции на компанијата во развојни проекти. Така, за исплата на дивиденда за акционерите се предвидени околу 334 милиони денари, односно околу 5,42 милиони евра, а за нови инвестиции се испланирани околу 300 милиони денари (околу 4,88 милиони евра).

Имајќи ги предвид последователните финансиски успеси во изминатите години, може да се очекува дека и оваа година „Макпетрол“ ќе продолжи со исто темпо на реализација на зацртаните проекти, остварување добивки и нудење дополнителни бенефиции за вработените. Позитивните финансиски резултати кои компанијата ги оствари во минатата година се стабилна основа за натамошни капитални инвестиции на „Макпетрол“ кои ќе бидат позитивен импулс за домашната економија, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Апасиев рапуваше кај Лазаров

Редакција

Инспектори ги „чешлаат“ болниците за околностите под кои одредени пациенти болни од Ковид-19 починале

Редакција

Извозот во првите седум месеци зголемен за 3,8%, а увозот намален за 7%

Редакција