еМагазин
Image default
Бизнис

За 1,2% зголемен бројот на работници во индустријата во првиот квартал

Во првиот квартал годинава споредено со истиот квартал лани бројот на работници во индустријата се зголемил за 1,2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во март годинава во однос на март минатата година статистиката евидентира зголемување од 1,1 процент на работниците во индустријата. Во секторот Рударство и вадење камен во март годинава, во однос на март лани има опаѓање од 2,7 проценти исто и во во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација  каде опаѓањето е 3,7  проценти, а пораст од 1,6  проценти во секторот Преработувачка индустрија.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во март годинава во однос на март лани бележи пораст кај Капитални производи за 12,7 проценти, а опаѓање кај Енергија за 5,3 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за здравствено осигурување вработува, плата до 32.835 денари

Редакција

Кинески „Синохидро“ бара дополнителни 152 милиони евра за изградба на тунелот на автопатот Кичево-Охрид

Редакција

Борис Настов назначен за в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје

Редакција