еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонскиот клуб во Благоевград нема да се затвори, ќе се пресели на друга локација

Македонскиот клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“ нема да биде затворен, туку ќе се премести на друга локација, информираат од ОМО „Илинден“ – Пирин, по информациите за функционирањето на културниот центар.

–  Клубот не се затвора, но ќе мора да се премести, затоа што сопствениците беа заплашени неколку пати и не смеат да продолжат со договорот. Клубот таму не престојуваше шест месеци, туку една година, се вели во соопштението од ОМО „Илинден“ – Пирин.

Од македонската организација тврдат дека бугарските власти вложуваат напор за да не дозволат отворање на македонски клубови, како и за одземање на просториите на постоечките центри.

– Бугарските власти вложуваат огромен напор да не дозволат да се отворат македонски клубови или да им се одземат просториите на оние што постојат. Во такви услови ширењето на навреди, дезинформации и полувистини само дополнително ја влошува и без тоа тешката борба на Македонците во Бугарија, наведуваат од ОМО „Илинден“ – Пирин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се затвора македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, газдарицата не го продолжува договорот за наем на просторијата

Фото: ОМО „Илинден“ – Пирин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Ја одбрани титулата: Шпанија е европски првак во ракомет

Редакција

За да може Јанкулоска да го дои синот, рочиштата за „Титаник“ ќе траат до 18 часот и со паузи

Редакција

Фатена на дело со 12.500 евра: Кривична за вработена во СВР Скопје за измама

Редакција