еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се првите 20 компании кои ќе тргуваат: Почнува со работа Македонската берза за електрична енергија

Дваесет и две компании досега имаат склучено договори за учество на берзата на електрична енергија во државава што почнува да функционира од денеска, а со која ќе раководи Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје.

Како што изјавија за МИА од МЕМО, од 22-те компании што склучиле договори, 20 ќе имаат можност да тргуваат со електрична енергија на берзата почнувајќи од денеска.

Тоа се компаниите: Сентраде, Дуферцо МК, AOT Македонија, Елнор, ЕСМ Продажба, ГЕН-И, ТЕ-ТО АД Скопје, Интеренерго, РЕС, Макстил, ЕФТ, АД МЕПСО, Енерџи активе, ЕВН снабдување, ЕВН електрани, ОКТА, Универсал енерџи, ЕДС, ЕТМТ Енерџи и АД ЕСМ.

На берзата ќе можат да тргуваат сите учесници на пазарот на големо на електрична енергија, кои се регистрирани во регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија, кој го води МЕМО ДООЕЛ Скопје како оператор на пазарот.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го алармирала НАТО за дојавите за бомби

Редакција

Привремено одземен имотот на таткото на масовниот убиец од белградското училиште на барање на семејствата на жртвите

Редакција

Нови 200 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција