еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не загрижува означувањето на законите за коридорите 8 и 10д со европско знаменце, вели евроамбасадорот Гир

Системот на европско знаменце се користи кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во одговор на новинарско прашање, по одбележување на почнувањето на проектот „Поддршка за реформите во шумарството во Северна Македонија“.

Според Гир, европското знаменце постои бидејќи на патот кон ЕУ, Македонија, но и другите држави, треба да усвојат повеќе делови од законодавството, за што е потребно многу време во Парламентот.

-Ќе бидат потребни децении доколку се усвојат сите делови од законодавството, ако процесот се одвива во нормални услови. Затоа го имаме европското знаменце. Европското знаменце може да го користите кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ.

Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, рече Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат закони за изградбата на коридорите 8 и 10д

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје, Тетово и Штип со најмногу активни случаи на Ковид-19, во кои градови нема?

Редакција

Земјотрес почувствуван во Валандовско

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на СОУ „Нико Нестор“ за набавка на масло за домаќинство вреден 58.000 евра

Редакција