Владата ги кани сите граѓани во 18:30 часот на заедничка манифестација за независноста со евергрин и електронски звуци на Македонската филхармонија.
Денес, со почеток во 18:30 часот, најмладите со нивните семејства ќе се забавуваат со програмата што за нив ја подготвува Петко и 5+ Бенд.
Забавно-музичкиот дел за возрасните ќе започне во 19:30 часот и ќе трае до 23.30 часот.
Програмата под отворено небо, во дворот на Владата на Република Македонија, ќе почне со музиката на оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои ќе ги изведат најубавите македонски евергрини, со почеток во 19:30.
Во 20:35 ритамот на празничната прослава ќе го засилат Македонската филхармонија и маестро Џијан Емин со проектот „Оригинатор“ на продуцентот на електронска музика, Хуан Аткинс.
Во завршницата на музичката програма вечерта ќе настапат и познатите домашни диџеи, Феки Фарис и Огнен Узуновски – Оги.
Илустрација: Влада