Бура од реакции во Бугарија предизвика информацијата дека некој на својата тераса во Пловдив ставил македонско знаме.
Информацијата ја објави бугарскиот портал Трафикњуз со наслов „Провокација или патриотизам“, пренесувајќи и дел од коментарите на социјалните мрежи.
„Можам само да замислам да го ставам бугарското знаме во Македонија“, напишал еден од корисниците, на што друг корисник одговорил: „Едноставно, ако го закачиш, ќе изедеш голем ќотек, а тука си траеме“.
Друг напишал дека во блокот живеел Македонец со години, но до сега таму немало такво знаме.
„Во никој случај не велам дека насилството е неопходно, само тоа нема да помине со коментари на Фејсбук, напишал друг корисник.
„Ќучук ја изградија иселениците од Вардар, Егејска Македонија и Белото Море. Новосоздаденото Македонче може да се шета во маало и да ги запознае сите улици. И да сфати дека Македонија е Бугарија“, вели друг жител од соседството.
Фото: Трафикњуз