еМагазин
Image default
Спорт

Македонскиот карате-тим освои бронза на медитеранскиот шампионат во Тунис

Сениорската карате-екипа на Македонија се закити со бронзен медал на медитеранското првенство што викендов се одржа во Радес, Тунис. Дополнително, македонските претставници остварија и три високи пласмани, исто така, во најсилната, сениорска, конкуренција. Осум членови на скопски „Макпетрол“ беа дел од нашата репрезентација.

Македонската сениорска карате-репрезентација, се пласира на третата позиција во најтешката дисциплина – екипно борби за мажи. Во наведената дисциплина, ова е прво одличје за Македонија на медитеранските првенства.

Медалот го освоија: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, сите членови на „Макпетрол“, како и Мурсел Мисими од кумановски „Башкими“.

Борбата за медал беше со репрезентацијата на Тунис. Македонскиот тим оствари убедлива победа со 3-0, додека индвидуалните спортисти триумфираа со следните резултати: Давид Петков (5-1), Стефан Стојановиќ (1-0), Петар Заборски (3-0). Освен Македонија, Алжир, исто така, освои бронза. Второпласиран во категоријата екипно борби за мажи беше Либија, а шампион е Египет.

Во поединечните категории беа остварени три високи пласмани, сите од членови на „Макпетрол“: Петар Спасеновски (-84 кг.) и Ангела Мојсовска (-68 кг.) се најдоа на петтото место, додека Симона Заборска (-61 кг.) натпреварувањето го заврши на седмата позиција.

Ова медитеранско првенство беше одбележано од навистина силна конкуренција. Дел од него беа 19 најелитни и најдобро рангирани светски тимови. Вкупно учествуваа 447 спортисти во машка и во женска конкуренција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се трчаше Авицена Женска трка: Освен победничките победиja и дисциплината и почитувањето на мерките против Ковид-19

Редакција

(Видео) Македонката Даниела Алексовска е европски шампион во ММА!

Редакција

Кои се најуспешните спортисти, тренер и спортска екипа во Скопје

Редакција