еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Сара Мејс најави нова песна и видео-запис за „Црна капина“

„Црна капина” од проектот „Floating through space with Sarah Mace“ во ново и нетипично анимационо руво! Според Сара, песната е една од најубавите на албумот.

„Не е комерцијална, ама чудесна е. Во постојано движење со телото на слушателот, од почеток до крај пулсира во тебе…. ова е песна започната како идеја на бубњарот (во случајот и автор, Александар Ванчовски) и мислам дека тоа бубњарско влијание се чувствува цело време дур трае песнава, а можеби дури и после тоа :).“.

Видеото претставува модерен пристап на едноставна анимација на урбани елементи и одредени традиционални симболи (следејќи го текстот на песната), дел од нив се цртежи нацртани од Дарко Петковски, збогатени и дополнети со живописни нијанси и скеч техника. Потпишана зад неговата реализација од А до Ш стои Љупка Андоновска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Настан што ќе остане“: Дани, Тамара, ДНК, Некст Тајм вечерва ќе настапат во Паркот на Франкофонијата

Редакција

(ВИДЕО) Директорот на фотографија за „Медена земја“, Фејми Даут снима документарец во Вухан, од каде се почна

Редакција

Различни жанрови на филмови на програмата во Кинотека во септември

Редакција