еМагазин
Image default
Да помогнеме

Хуманитарен концерт за помош на малата Теодосија, на Камерниот оркестар „Ајда“

На последниот концерт во рамки на првата сезона на годинашното издание на „Деновите на македонска музика“, Камерниот оркестар „Ајда“ ќе изведе концерт под диригентство на Ана Спасовска, а средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за лекување на малата Теодосија Лазаровска. Солист на концертот ќе биде Кирил Трусов.

На програмата ќе бидат одбележани јубилеите на македонските композитори кои оставија траен белег во развојот на македонската уметничка музика: 80 години од раѓањето на композиторот и академик Ристо Аврамовски со делото „Пролетна симфонија“ и 90 години од раѓањето на композиторот и диригент Драган Шуплевски со делото „Македонско капричо“.

Камерниот оркестар „Ајга“ предводен од диригентката Ана Спасовска заедно со виртуозот на виолина Кирил Трусов од Германија ќе го изведат и Концертот за виолина и оркестар во е-мол од Феликс Менделсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавени телефонски броеви за донирање за лекување на малата Теодосија, која се бори со рак на бубрезите

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малиот Лука Јовановски го изгубил едното око, борбата продолжува за да се сочува другото

Редакција

„Невидливото да стане видливо“: Фејсбук група “Сончогледи за невидлива попреченост“

Редакција

Исчезната е 14-годишната Ринеса, од четвртокот не е вратена дома

Редакција