Денеска околу 18 часот, товарно возило движејќи се на регионалниот патен правец с.Зелениково-с.Таор изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Градоначалникот на Општина Зелениково со своите соработници се излезени на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост, кој претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците кои поминуваат низ него.
Од страна на секторот за операции и координација во координација со градоначаникот на Општина Зелениково известени се ЈП за оддржување на магистралните и регионалните патни правци се со цел за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, посочено им веднаш да излезат на местото на настанот, да постават соодветно одбележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да извршат санација на оштетената ограда се со цел да не дојде до несакни последици врз возилата и населението.
Екипата на ЈП за оддржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности,“ велат од ЦУК.
Фото: ЦУК