еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Летонија го доби првиот претседател, кој е отворено геј

Едгар Ринкевиц (49), летонскиот министер за надворешни работи стана првиот претседател во земјава, кој е отворено геј.

Министер за надворешни работи беше од 2011 година, а претседател ќе биде во следните четири години.

„Ќе направам сè за нашата земја да напредува и да биде безбедна“, изјави Ринкевиц по гласањето во летонскиот Парламент.

Тој соопшти дека е геј во 2014 година и стана прва истакната политичка личност во земјата која го направила тоа.

Претседателот на Летонија го бираат пратениците, а неговата улога е главно церемонијална.

Фото: МНР на Летонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев со сопругата на прием кај Меланија и Доналд Трамп

Редакција

Евроамбасадорот Гир е во Собрание, ја следи седницата за „францускиот предлог“

Редакција

„Не знаеме кој е инвеститорот самото се изгради! – Чаир„: Твитер за дивоградбата пред „Мавровка„

Редакција