еМагазин
Image default
Македонија

Случај „Трезор“: Како „Финзи“ склучувала договори со МВР

Судењето за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање за случајот „Трезор“, на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 27 септември со изнесување на материјални докази.

Обвинителството на денешното рочиште презентира околу 60-тина документи од над 900-тина предложени, како материјални докази.

На обвинителна клупа во Кривичниот суд се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешен шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

Обвинителот Артан Ајро почна со изведување материјалните докази, за тоа дека „Финзи“ примала пари од МВР по договор вреден над 124 милиони денари склучен во 2010 година, а потпишан од тогашниот заменик- министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски и управителот на „Финзи“ Владимир Стајковиќ брат на обвинетиот Небојша Стајковиќ.

На рочиштето кое траеше повеќе од четири часа беа презентирани и два Анекс договори од кој првиот е склучен во 2011 година во вредност од над 49 милиони денари и вториот во 2012 година вреден над три милиони денари, а потпишани од Поповски од МВР и Коста Крпач како управител на „Финзи“.

Според обвинителниот акт со основниот договорот Буџетот на РМ бил оштетен за над 13 милиони денари додека пак со двата анекса за дополнителни 13 милиони и 222 илјади денари, со што државата ја оштетиле за околу 27 милиони денари.

МИА/Фото: Кривичен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Следете во живо) На граничниот премин Богородица се чека до половина час

Редакција

Јанева останува во Шутка, притворот и е продолжен за уште 30 дена

Редакција

Заев: Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит

Редакција