еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Македонскиот јазик од следната академска година ќе се изучува на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав

Македонскиот јазик од следната академска година ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав во Полска.

„Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав.

Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува во светот не е само желба, туку секојдневно е стварност,“ истакна директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска по завршување на 11. Македонско-полска конференција во Катовице и по чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец.

Наставата во Вроцлав ќе ја изведува полската македонистка, Марија Стришевска, која е семинаристка на школите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Фото: МСМЈЛК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто се празнува Денот на македонската револуционерна борба

Редакција

(ВИДЕО) „Бугарски фашистички окупатор“, марихуана и корона на Вевчанскиот карневал

Редакција

Македонски обичаи за Прочка, празник за проштевање и очистување на гревови

Редакција