Поплавени се 10 објекти, најмногу подруми, по синоќешните врнежи на територија на општина Кавадарци.
– Од синоќа се излезени екипи на ЈП „Комуналец” со механизација од три скипови, два камиона, три трактори и 20 работници. Се расчистува наносот, наталожените решетки и сливници и со три цистерни се перат улиците од калта.
Исто со свои екипи учествуваат и ТППЕ Кавадарци, кои помагаат во перењето на улиците и испумпувањето на водата од поплавените простории, изјавија за МИА од јавното претпријатие „Комуналец“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Поројните дождови предизвикаа поплави во Прилеп и го затворија патот Охрид-Св.Наум
МИА/Фото: Фејсбук/Митко Јанчев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.