еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ученици денеска си споделуваа во вибер-групи тестови од државната матура откако почна испитот

Државниот испитен центар (ДИЦ) демантира објави во некои медиуми дека се пробиени тестови од државната матура и појаснува дека имало споделување на тестови во вибер-групи откако почнало полагањето на испитот.

– Тестовите од Државен испитен центар не се пробиени. Тестови не се пробиени до 10 часот кога почна тестирањето, тестови се споделени во вибер-групите од страна на членовите откако започна реализацијата на испитот. Државниот испитен центар нагласува уште еднаш тестот не е пробиен,  туку бил споделуван откако е започната реализацијата на испитот, соопшти ДИЦ.

Наведува дека како и во минатите години, пред почетокот на државната матура апелирал до сите матуранти и до сите што се вклучени во реализацијата на испитот да се почитуваат правилата за изведување на државната матура.

– Должност и обврска на ДИЦ е да ја спроведе матурата со подготовка на тестовите и нивна дистрибуција до училиштата. Тој процес е најпрофесионално извршен од ДИЦ, посочува Државниот испитен центар и информира дека ќе постапи согласно законот доколку се нарушени правилата за реализација на испитите.

Матурантите денеска од 10 часот го полагаа вториот екстерен испит кој е изборен од предметите: Математика, Англиски јазик, Германски, Француски, Руски јазик, Филозофија и Естетика.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Состанок на општинскиот кризен штаб во Битола по серијата земјотреси

Редакција

Случај „Транспортер“: Екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески осуден на осум години затвор

Редакција

Твитер во „црвено“ по најавите за штрајк: „Ти се јавуе извршител и ти вика: Што да ти земам за Нова Година?

Редакција