еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Откако Обвинителството ги отфрли кривичните против него, Муареми најави тужба за клевета за Русковска

Откако Јавното обвинителството ги отфрли кривичните пријави против поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми, тој најави тужба за клевета за поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Во писмена изјава до медиумите тој вели дека е задоволен сум што предметниот јавен обвинител по извршените проверки утврдил и докажал дека не постои никакво незаконско работење, ниту пак сторено кривично дело од негова страна, во својство на директор на Управата за финансиска полиција.

„Одлуките на Обвинителството потврдуваат дека во институцијата со која што јас раководев нема неправилности и незаконитости во периодот на моето директорување. Како што претходно тврдев, останувам на истиот став дека нападот кон мене беше исклучиво поради нечии лични цели и интереси, притоа злоупотребувајќи ја јавно обвинителската фунција со цел да ми се наштети мене, мојот углед и угледот на Управата“, вели Муареми.

Тој соопшти и дека до Основниот граѓански суд Скопје поднел тужба против Русковска, затоа што, како што вели Муареми, истата, „во неколку наврати во своите јавни излагања, иако свесна за невистинитоста на истите, продолжува да изнесува лажни и невистинити податоци, да лаже и да клевети“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството ги офрли кривичните против поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција

Градоначалникот Димитриевски: „Шегата“ на Рама е неприфатлива, должи извинување кон премиерот и македонската јавност

Редакција

Австралија повторно му ја поништи визата, на Ѓоковиќ му се заканува нов имиграциски притвор

Редакција