еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повторно дојави за бомби во училишта во Скопје

Во 33 основни училишта во Скопје денеска има дојави за поставени експлозивни направи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.

– Денеска (07.02.2023) околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бауер БГ“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на булевар АСНОМ вреден 822.000 евра

Редакција

Не очекува сообраќаен хаос: „Бојкотирам“ најавува секојдневни блокади на главните улици и протести

Редакција

Фрапантни податоци: Државата ја напуштиле 1.200 лекари, а само за три месеци 83 барале потврди за работа во странство

Редакција