еМагазин
Image default
Македонија

Беса нема да влезе во евентуалната широка влада

Лидерот на Беса, Биљал Касами најави дека неговата партија нема да биде дел од евентуална широка влада.

На прашањето дали Беса ќе влезе во широката влада која премиерот Димитар Ковачевски и ја предложи на ВМРО-ДПМНЕ, Касами во изјава за медиуми на албански јазик во земјава вели дека неговата партија би влегла во Влада, дури по следните парламентарни избори.

– Не. Движењето Беса ќе влезе во Владата дури по следните парламентарни избори, како победник на тие избори во албанскиот политички блок, изјави Касами.

МИА/Фото: Општина Тетово/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веројатно дека ќе има нови и нови соеви и мутации на вирусот, вакцината е таа која што штити, вели Филипче

Редакција

Македонските и бугарските историчари стигнаа до антиката во македонските и бугарските учебници

Редакција

(Видео) Лапсус или умор: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на протест извика „Да живее Зоран Заев“

Редакција