еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Борел ги повика Вучиќ и Курти на итен состанок во Брисел

Потпретседателот на Европската комисија и шеф на службата за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, ги покани српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на разговори во Брисел следната недела, јави дописникот на МИА од Белград.

Според извори од Брисел, датумот и другите детали за средбата дополнително ќе бидат објавени.

– Морам да повикам на смирување на ситуацијата на терен, а бидејќи ситуацијата од ден на ден се влошува, повторно сме во фаза на кризно менаџирање. Ги поканив двете страни, Косово и Србија, на состанок за кризно менаџирање следната недела, изјави Борел по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој им се заблагодари на војниците и на командантот на КФОР за „работата што ја вршат на северот на Косово“.

Борел додаде дека е во контакт со двете страни, како и со командата на КФОР, за да се утврди што точно се случило при апсењето на тројцата косовски полицајци.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ивор Мицковски: Благодарение на заложбата да се елиминира говорот на омраза од утре треба да го затворите бугарскиот клуб во Битола

Редакција

Српскиот министер за одбрана Вулин обвини дека Скопје е центар за разузнавачки активности против Србија

Редакција

4 лица биле на возраст од 20 до 49 години: Минатата недела од Ковид-19 починале 42 лица

Редакција