еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки, очекува висока базична инфлација

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ги зголеми клучните каматни стапки за четвртина процентен поен, и покрај слабата економија, предвидувајќи висока стапка на базична инфлација која ги исклучува храната и енергијата.

Од 21 јуни каматната стапка за рефинансирање на банките ќе изнесува четири отсто, а каматната стапка на прекуноќните депозити во банките 3,5 отсто.

За прекуноќните кредити комерцијалните банки во иднина ќе плаќаат камата од 4,25 отсто.

Од јули минатата година, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки во еврозоната за четири процентни поени.

Инфлацијата се намалува, но предолг временски период ќе остане премногу висока, повторија во ЕЦБ во образложението за континуираното заострување на монетарната политика, за разлика од Американската централна банка, која во средата направи пауза во циклусот на зголемување на трошоците за задолжување.

Во своите најнови макроекономски прогнози, ЕЦБ значително ги зголеми проценките за базичната инфлација, која ги исклучува цените и енергијата, и сега очекува таа да биде во просек 5,1 отсто оваа година и три отсто во 2024 година. Во март тие прогнозираат дека ќе изнесува 4,6 отсто во 2023 година и 2,5 отсто во 2024 година.

Причината се неочекуваните повисоки вредности во претходниот период и силниот пазар на труд, објаснуваат од ЕЦБ.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Превенција од корона вирусот: Маркетите, аптеките, банките и поштите треба да обезбедат редари пред и во своите објекти

Редакција

Министерот Оливер Спасовски најсериозен кандидат за технички премиер

Редакција

Хорор во романските домови за социјална грижа: Мега скандал ја тресе Романија

Редакција