Од Основното јавно обвинителство Скопје се огласија во врска со несреќата во која во реката Лепенец се удави брачна двојка од Косово и нивниот 16-годишен син.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се спаси само 21-годишниот син.
-По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот, информираа од Јавното обвинителство.
Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по несреќата.
-Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил.
Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Семејство од Косово исчезна во реката Лепенец, се спаси само едниот син