еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Aмериканската црна листа за лица од Македонија ќе се проширува

Американската амбасадорка Анџела Агелер најави дека црната листа на САД ќе се проширува и покрај името на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на неа ќе се најдат и други македонски граѓани, но не може да прецизира кога ќе биде донесена.

-Овој процес на назначување трае подолго и е процес кој внимателно се спроведува и се врши ревизија на сите докази и се што е утврдено. Има една листа на имиња кои се во процес на ревизија и на разгледување и откако ќе се утврдат сите факти ќе се донесе одлука.

Не можам точно да кажам за временските рокови кога би се реализирале сите овие процеси, но сметам дека ќе има и други на листата, но не би можела да кажам точно кога, изјави Агелер при денешната посета на Штип.

Во Соединетите Американски Држави, додаде, имаме многу сериозен пристап кон борбата со корупцијата.

-Секогаш кога ќе се утврдат докази за корупција сметаме дека народот на Северна Македонија има право да знае и да има избрани претставници во кои ќе може да веруваат и да бидат стабилни. Тука завршува ангажманот на САД и ние не можеме да кажеме што понатаму би требало да направат Владата и судството на Северна Македонија и какви мерки да преземат, прецизира Агелер.

Нагласи дека ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД е согласно законите на САД кога постои цврст доказ за корупција. Тогаш, како што кажа, се презема мерка од страна на државниот секретар за санкционирање на таквото лице со што, додаде, на ова лице и на неговото семејство им е оневозможен влез во САД,

-Ќе продолжиме да соработуваме со тие што имаат добра волја за докрај да се реализираат процесите. Ова е сериозно прашање за нас, но тука имаме и прекрасни партнерства со претставници од Владата и други претставници од земјата со кои имаме навистина одлични односи и ќе продолжиме со нашите заложби за да обезбедуваме секаков вид на помош за и понатаму да продолжи нашето партнерство и соработка, нагласи Агелер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рамиз Мерко на „тапет“ на Твитер откако САД го стави на црната листа

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, кој САД го стави на црната листа

МИА/Фото: Американска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„МојТермин“ ги отвори термините за ковид вакцинација, досега пријавени над 5.900 граѓани над 77 години

Редакција

Деветмина дрвокрадци фатени на дело, поднесена кривична пријава

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција