еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Од 1. јули следната година целосна забрана за пластични и оксобиоразградливи кеси

Одлуката за целосна забрана за пуштањето на пластични и оксобиоразградливи кеси за носење стоки на пазарот во земјава ќе стапи во сила на 1 јули 2024 година, а не на 1 јули годинава, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

-Согласно Правилникот за изменување на правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција, направена е измена во членот 6 во ставот 1, и зборовите „1 јуни 2023 година“ се заменуваат со зборовите „1 јуни 2024 година“.

Од тука забрана за употреба на кеси што не ги задоволуваат стандардите пропишани со овој правилник целосно ќе биде имплементирана од 1 јуни 2024 година, посочуваат од МЖСПП.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Несекојдневен настан во Барселона: Во оперска куќа се одржа концерт за 2.292 растенија

Редакција

Судскиoт совет го разреши судијата Горан Бошевски

Редакција

20 отсто од закажаните не се појавиле на вакцинација утрово на пунктовите

Редакција